Македонија
20. July 2020 - 16:51

Партиите оставаат простор за договор, постои ли можност за широка владина коалиција

Иако официјално преговори за формирање на нова Влада нема, неофицијално политичките партии се во интeнзивни меѓусебни контакти кои треба да резултираат со формирање на ново Собраниско мнозинство. 

По најавата на ДУИ дека Ахмети тргнува во инцијатива за обединување на сите албански пратеници во Собранието, Генреалниот секретар на Алијанса за Сител вели дека коалиција со ДУИ е невозможна мисија.

Таравари вели дека сите останати опции се отворени меѓу кои и таа за формирање на широка коалиција во која нема да има место за интегративците. 

Во ДУИ денеска никој не сакаше да ги коментира ставовите на Таравари. Кандидатот за премиер Зибери во изјава за други медиуми вели дека Ахмети инсистира тој да биде новиот премиер но вратата за други комбинации и натаму останува отворена. Во СДСМ трет ден молк, а во ВМРО-ДПМНЕ, прес конференција со малку информации.

Изборните резултати отвораат серија комбинации за формирање на новото владејачко мнозинство. Најочекувана е варијантата СДСМ и ДУИ да направат коалиција доколку Заев и Ахмети се договорат кој ќе биде новиот премиер. 

Партиски извори не ја исклучуваат и можноста за меѓукоалициски трансфери кои дополнително ја комплицираат ситуацијата. 

На мандат за Влада се надева и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која до Илинденска може да ја донесат гласовите на ДУИ и поддршката од пратениците на Левица, но и трансфер на пратениците на БЕСА.