Партиите обединети против ископот на Бехтел и Енка
Политичките чинители од Прилеп, советници од сите партии и пратеници на чело со градоначалникот застанаа позади барањето на жителите на селото Ореовец да се преземат итни активности за стопирање на ископот за тампон на Бехтел и Енка кој се наоѓа на само 200 метри од нивното село. Тампонот би се употребувал за новиот автопат Прилеп – Битола. Но поради минирањата веќе се оштетени голем број куќи, а загрозени се и дел од изворите за вода на Прилеп и целата животна средина во овој предел.
„Навистина сериозно како локална самоуправа ќе алармираме до соодветните институции, добро да се анализираат сите правила и закони и воедно ќе побараме обраќање и на изведувачот, односно на ЈПДП, дали се спроведени сите услови и члченови за правилно концесионирање во ова подрачје“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на Прилеп може да му се случи еко катастрофа. Бараат преиспитување на договорот со Бехтел и Енка и расчитување на сите вакви аномали, затоа што ако се раскинел целосно Македонија ќе платела огромни пенали.
„Oвој договор е неуставен, криминален и донесен на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаменце во повеќе наврати, со анулирање на 9 други важечки закони и со кој на Бехтел и Енка со овој закон се овозможи формирање на вакви чудовишта како што е овој каменолом во Оревоец“, изјави Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.
Споре Левица се што не е законски може лесно да се раскине и да не се плаќаат пенали.
„Договорот излезе од еден куп закони и тоа ер класична злоупотреба на службена положба. А во правото има еден прицип каде од неправо не може да произлезе право и ова ќе мора да заврши со кривични пријави. И тоа е еден основ за раскинување на договорот“, кажа Сашко Канчев, пратеник од Левица.
Жителите пак покренаа и судска постапка пред Основниот суд во Прилеп.
„Имаше дојдено претставници ЈПДП заедно со судија од Основне суд Прилеп на кој состанок повторно од ЈПДП не презентираа никаква документација“, вели Рубин Талески, жител на село Ореовец.
Протестите и блокадите на овој каменолом кои траат веќе 4 недели ќе продолжат и во периодот кој следува.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар