Партиите на Борис Тадиќ (СДП) и Чедомир Јовановиќ (ЛДП) влегоа во предизборен сојуз
Борис Тадиќ, лидерот на Социјалдемократската партија на Србија, денеска изјави дека денеска неговата партија влезе во официјален сојуз со Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ и со овој чин всушност почнува политичка акција за обединување на српската опозиција со цел да се мотивираат огромниот број неопределни избирачи, соопшти српскиот весник „Блиц“.
Чедомир Јовановиќ од своја страна додаде дека сојузот е формиран затоа што во Србија веќе не може да се продолжи на ваков начин.
-Целта на нашиот сојуз е да се обидеме да ја уредиме нашата земја. Ако сакаме модерна Србија, треба да влеземе во НАТО. Тоа е прашање на иднината за нашите деца, за ЕУ. Тоа е изградбата на правна држава, рече Јовановиќ, посочувајќи ја тешката економска ситуација и недостигот од странски инвестиции во земјата.
Јовановиќ информира дека со Тадиќ на разговорите ја поканиле и главната опозициска партија - Демократската партија на Бојан Пајтиќ, но дека нема предолго да го чекаат нејзиниот одговор.
На форумот во Белград зборуваше и лидерот на Лигата на социјалдемократите во Војводина, Ненад Чанак, кој дојде на покана на Тадиќ.
Чанак напомена дека на времето тој бараше забрана за делување на Социјалистичката партија на Србија (СПС), на Српската радикална партија (СРП) и на Југословенската левица и праша кој денеска ќе владееше ако тогаш се прифатеше неговиот предлог, имајќи го предвид денешното владеење на колаицијата меѓу СПС и Српската напредна партија , која произлезе од СРП.
Ново на Сител
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов