Парното поевтинува

Парното греење од 1 август ќе поевтини, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Како што соопшти денеска претседателот на РКЕ Димитар Петров, цената на најголемиот снабдувач БЕГ се намалува за 10,93 отсто, на Скопје-Север за 4 проценти, а на ЕЛЕМ Енергетика кај потрошувачите кои имаат мерачи за 11,59 отсто, додека кај оние што плаќаат по метар квадратен за 9,15 проценти.
Ислучените корисници на парно ќе имаат пониски сметки за 2,67 отсто, односно наместо 546 денари како досега ќе плаќаат 532 денара.
- Драстично намалената цена на природниот гас и намалените оперативни трошоци на компаниите се клучните причини за поевтинувањето на парното, нагласи Петров.
Според пресметките, со сегашното намалување на цената, сметките за парно за стан од 50 метри квадратни ќе изнесуваат 20.815 денари на годишно ниво, наместо 23.638 денари.
Претседателот на РКЕ информира дека порамнувањето на сметките веќе нема да биде два пати годишно, туку само еднаш во мај, јуни и јули. Веќе нема да има декемвриско порамнување.
Парно греење најмногу дистрибуира БЕГ на околу 46 илјади корисници, потоа ЕЛЕМ Енергетика на 3.500 и Скопје-Север на 300 потрошувачи.
До крајот на годинава, како што информира Петров, се очекува околу 60 исклучени потрошувачи повторно да се приклучат на дистрибутивната мрежа. Во 2015 година вкупно 842 исклучени потрошувачи се вратиле, а годинава се очекува таа бројка да достигне околу 900.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
