Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари

Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.
-Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари, истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој нагласи дека е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна модернизација на топловодната мрежа за да се намалат дефектите, да се подобри квалитетот на снабдување и да се овозможи проширување на мрежата.
Бислимоски потсети дека парното греење и понатаму е најекономично решение.
Според него, анализите покажуваат дека доколку сите исклучени корисници повторно се приклучат на системот, сметките би се намалиле за околу 10 проценти.
Во моментов, околу 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.
МИА
Ново на Сител
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
