Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
Парламентот на Грузија денеска усвои закон со кој на демонстрантите им се забранува да го покриваат лицето, како и да користат пиротехнички средства и ласери за време на демонстрациите.
Законот за прекршителите предвидува парична казна во висина од 2.000 лари (околу 660 евра). Предвидени се и казни за оштетување на зградите и блокирање на сообраќајот. Казната за организирање блокади на патишта ќе биде до 15 илјади лари (4.950 евра).
Од крајот на ноември, илјадници луѓе демонстрираат во Тбилиси секоја вечер, откако премиерот Иракли Кобахиѕе од Грузиски сон ја соопшти одлуката на Владата за стопирање на преговорите со ЕУ. Неколку од овие демонстрации се насилно растурени, а над 400 демонстранти се уапсени.
Голем број демонстранти носат гас-маски и импровизирани штитови за лице за да избегнат идентификација. Демонстрантите употребуваат и ласери за да ја „заслепат“ полицијата и безбедносните камери пред Парламентот. Во протестите повредени се околу 30 демонстранти, додека Кобахиѕе тврди дека повредени се над 150 полицајци.
Грузискиот Парламент утре ќе избира претседател, кој ќе ја замени проевропската претседателка и критичарка на владејачката партија Саломе Зурабишвили. Единствениот номиниран кандидат е Михаил Кавелашвили, поранешен пратеник на Грузиски сон.
Ново на Сител
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова