Балкан
2. April 2023 - 9:12

Парламентарни избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мислење кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник. И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто се уште да се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето.

Предвидувањата се дека по денешното изјаснување на граѓаните во новиот парламент ќе влезат пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, Промените продолжуваат и Демократска Бугарија, Движењето за права и слободи (ДПС) Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Бугарските избирачи очекуваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството и здравството,  јавува бугарското радио.

Бугарија/ Фото Архива