„Паризиен“: Британците се снабдуваат со храна поради можно излегување на државата од ЕУ без договор
Откако британскиот Парламент отфрли договор за брегзит на премиерката Тереза Меј со Брисел, можноста Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор изгледа се поверојатна. Тоа ги натера многу Британци да почнат да се снабдуваат со храна, објави францускиот весник Паризиен.
Граѓаните што го избрале тоа, најчесто се во групи на Фејсбук, но и многу фирми го презеле истиот чекор – вклучително и супермаркети како Теско и Ем-Енд-Ес и британскиот клон на Нестле.
Се очекува денеска во говор во британскиот Парламент, Меј да го објави резервниот план по отфрлањето на договорот за брегзит. Целта и е да се премислат пратеници на нејзината Конзервативна партија и од Демократската унионистичка партија кои не дадоа поддршка за предлогот, нагласуваат извори од Владата.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер