Париз ќе пати за леб

На Париз во текот на летните месеци му се заканува недостиг од леб, бидејќи има се помалку и помалку отворени пекари, а причината за ова е укинувањето на обврската на пекарите да го пријавуваат нивниот годишен одмор во префектурата, тврди британскиот печат.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, обврскате за пријавување на одморот од страна на пекарите, воведена во 1790 година, беше укината пред неколку месеци со законот за поедноставување на функционирањето на претпријатијата. Се досега секој пекар и пекара, мораа да пријавуваат во префектурата кога ќе бидат затворени за да се спречи недостигот на леб.
Нешто слично како за аотеките, се спроведуваше еден систем на дежурство за пекарите, со што им се гарантираше минимален сервис на граѓаните.
Со измената на законот, некои британски весници, како „Дејли Мејл“ и „Телеграф“, веднаш изразија стравување дека жителите на Париз ќе останат без леб. Овие два весника, кои вообичаено се подсмеваат со Французите, сега жалат поради тоа што „сликата на Французите со багет леб под раката ќе остане во минатото“.
Но, според Доминик Анракт од Комората на пекарите во Париз, проблемот не е недостигот на леб, туку недостигот на купувачи. Тие што го знаат Париз, знаат дека Парижаните во август ја напуштаат престолнината и им ја оставаат на туристите, додава тој.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
