-->
-->
Париз бара продолжување на вонредната состојба за уште два месеца
-->
Владата на Франција ќе му предложи на Парламентот да ја проодлжи вонредната состојба во земјата за уште два месеци - до крајот на јули, најави денеска француксиот премиер Мануел Валс.
Вонредната состојба во Франција беше воведена по нападите во Париз во ноември минатата година, по што во февруари годинава таа беше продолжена до 26 мај.
Сега, Валс најави дека Владата ќе предложи нејзино продолжување за уште два месеци, со цел да биде офатен и периодот на одржување на Европското фудбалско првенство, чиј домаќин ќе биде Франција од 10 јуни до 10 јули.
Валс најави дека во текот на денот, министертот за внатрешни работи Бернар Казнев и официјално ќе го објави предлог-законот за продолжување на вонредната состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност