-->
-->
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-->
Таксистите во Париз се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до терените на Ролан Гарос на 26 мај доколку властите не ги послушаат нивните барања, објавуваат тамошните медиуми.
Возачите се загрижени за заканата по нивните приходи и веќе пет дена по ред го запираат сообраќајот во некои области на Париз. Тие се собираат на знаменитости, блокираат патишта, свират со сирените и даваат светлосни знаци.
Возачите се незадоволни од новите правила за медицински превоз и конкуренцијата од мобилните апликации. Нивното движење се прошири надвор од главниот град. Возачите од градови како Марсеј и Перпињан во јужна Франција се придружија на демонстрациите.
Грен слемот Ролан Гарос почнува денес и ќе трае до 8 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара