Париска Недела на модата, во време на коронавирус
Првата Париска интернет-недела на модата почнува денеска – понеделник. Ова ќе биде прва од својот вид, поради корона-кризата. Париската висока мода и машките недели на модата се слеани во една целина, при што дизајнерските брендови ги претставуваат своите колекции преку веќе подготвени филмови и видеоклипови, без ревии.
Има и такви што не се согласуваат со овој формат. „Ив Сен Лоран“, на пример, се повлече од Неделата на модата, најавувајќи ги своите дефилеа подоцна годинава. Познатата француска марка „Хермес“ пак, не се откажа од своите машки шоуа – тие започнуваат в четврток. Се работи за „Хермес“ колекција за мажи за следната сезона пролет – лето, како и за дизајните со кожа.
„Диор“ ја активира „тешката артилерија. За своето шоу за висока мода, коешто почнува денеска, тие ќе претстават филм за фустани, рачно изработени, создадени по илјади часови посветена работа.
Италијанецот Маурицио Галанте исто така ќе има свое филмско претставување денесја. – За нас ова е голема можност да стигнеме до поширока публика. И, со филм, луѓето веројатно ќе бидат посконцентрирани ккон дизајните, а не кон тоа – кој седи на првиот ред, рече тој.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници