Парис Хилтон побара свадбените подароци да не бидат под 50.000 евра
– Богатата наследничка Парис Хилтон наскоро ќе се омажи за претприемачот Картер Реум и по тој повод направи список подароци што треба да ги добие од своите гости, од луксузна продавница, по нејзин избор.
Хилтон од гостите бара повеќе предмети од кристал за домот, како и сребрена рамка за слики „Бучелати“, вредна повеќе од 2.600 евра. Сакала и скап свеќник во форма на светилка, што чини околу 1.000 евра, кристална мечка од 300 евра, послужавник со ореви од 800 евра, прибор за кавијар, од кристал, кој чини 850 евра, како и чаша за шампањско „Бакара“ од над 800 евра. На листата на Парис натаму се наоѓаат и осум комплети „Мозаик АУ 24 платинум“ на „Хермес“, со вредност од над 6.000 евра.
Вкупната вредност на подароците на списокот на Париз е над 50.000 евра.
Во последното интервју, Хилтон откри дека тој викенд десетпати ќе се пресоблече.
– Тоа ќе биде како тридневна забава. Имам многу планови, изјави таа.
Свадбата ќе се одржи на 11 ноември, на имотот на дедото на Парис во Бел Ер, Калифорнија, САД.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи