-->
-->
Парични казни во Велика Британија за неносење маска
-->
Луѓето кои ќе одбијат да носат маски во јавниот превоз или во продавниците во Велика Британија ќе бидат казнети со 200 фунти (околу 235 евра) за првиот прекршок, објави „Мирор”.
Премиерот Борис Џонсон го врати задолжителното носење маска за да се спречи ширењето на сојот омикрон на коронавирусот.
Новите правила ќе почнат со казни кога законот ќе биде усвоен денеска во Парламентот, а ќе стапи во сила утре во 16 часот по локално време.
Секој што ќе ја заборави или нема да носи маска ќе плати 200 фунти за првиот, а секој следен прекршок ќе се наплаќа двојно. Тоа значи дека вториот пат ако човек нема маска ќе плати 400 фунти, трет от пат 800, а казната може да достигне најмногу 6400 фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести