Парична помош од општина Охрид за oпштина Гази Баба

Општина Охрид со 300 илјади денари ќе и помогне на oпштината Гази Баба на чија територија имаше најголеми штети од невремето што завчера вечерта го зафати скопскиот регион.
Одлуката ја донесе Комисијата за финансии при Советот на oпштина Охрид, а на барање на градоначалникот Никола Бакрачески, кој во име на граѓаните на Охрид изрази сочувство до семејствата на несреќно загинатите лица во елементарната непогода.
Како што се наведува во соопштението на oпштина Охрид, органите на локалната самоуправа изминатите два дена биле во постојана комуникација со надлежните во ресорните министерства и со градоначалникот на Град Скопје, при што е искажана подготвеност за пружање на неопходната помош со човечки и технички ресурси за справување со елементарната непогода.
Следствено на потребите и барањата од одговорните лица и служби, општина Охрид е подготвена да излезе во пресрет и да даде помош со своите целокупни капацитети, како и тие на охридските јавни претпријатија, стои во соопштенито од општина Охрид.
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
