Парична награда од 1 милион евра за информација околу убиството на новинарот и неговата девојка
Словачките власти нудат парична награда од еден милион евра за информација која ќе помогне во истрагата за убиството на истражувачкиот новинар во Словачка – објави „Ројтерс“. Европската Унија го осуди нападот и побара темелна истрага.
Истражувачкиот новинар од Словачка, Јан Кучијак и неговата девојка беа убиени во неделата, соопшти полицијата вчера, поврзувајќи го убиството со неговите новинарски текстови.
Безживотните тела на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка полицијата ги пронашла во нивниот дом во Велка Маца, источно од Братислава.
Шефот на словачката полиција, Тибор Гаспар, изјавил дека „убиството веројатно е поврзано со неговите истражувачки активности“.
По неговото убиство, премиерот на државата, Роберт Фико, изјавил дека доколку се докаже дека станува збор за убиство, тоа претставува сериозен напад врз слободата на медиумите и демократијата во Словачка.
Словачкиот претседател Андреј Киска побара брза истрага за убиството на истражувачкиот новинар, соопшти Ројтерс.
Ново на Сител
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
-
Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето
-
Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија
-
Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат
-
Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија
-
Претежно облачно со магливо утро по котлините
-
Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја