-->
-->
Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час
-->
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, обвинителството му предложило на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 март било затекнато при непочитување на полицискиот час.
– За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом, стои во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси