-->
-->
Парична казна за Франц!
-->
Етичката комисија на Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА) ја казни легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер со 7.000 швајцарски франци заради одбивање на соработка во истрагата поврзана со процесот околу изборот на домаќин на светските првенства во 2018 во Русија и Катар во 2022 година.
„Во конкретниот случај господинот Бекенбауер одби да соработува во истрагата на Етичката комисија, иако неколку пати го замоливме за помош. Од него баравме лично да се појави на разговор, а му поставивме и прашања писмено на германски и англиски јазик“, објави Етичката комисија.
Од Комисијата наведуваат дека оваа казна не се однесува на случајот за успешната германска кандидатура за домаќин на СП во 2006 година, на чие чело беше токму Бекенбауер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење