Спорт плус
14. September 2016 - 19:14

Параолимписки игри Рио: Наковска - Бикова во финале на 50 метри

На Параолимписките игри во Рио де Женеиро македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска – Бикова успеа да се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 50 метри. Таа со 528 кругови го зазеде осмото место и благодарение на двете последни серии успеа да се пласира за ново финале. Наковска – Бикова го освои седмото место во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
Во оваа дисциплина заедно се натпреваруваат мажи и жени, а Ванчо Каранфилов со 500 кругови го освои 30.то место во конкуренција на 34 натпреварувачи.