-->
-->
Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″
-->
Во Маврово викендов се одржува традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″. Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот вклучувајќи го и Маврово. На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер од Блаканот и од цела Европа, соопшти Воздухопловна Федерација на Македонија.Организатори на настанот се параглајдинг клуб Кондор од Гостивар и Воздухопловна Федерација на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
Организаторите упатуваат повик до граѓаните да дојдат утре да уживаат во техниката на параглајдеристите и во убавините на Маврово.
Овој викенд е исто така значаен бидејќи Воздухопловната федерација денеска во Маврово ќе ја формира првата Комисија за жени во спорт во историјата на воздухопловството. Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенција за млади и спорт и Влада на РСМ. Во комисијата ќе членуваат воздухопловки од различни спортови (падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство) кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
