Македонија
9. July 2019 - 20:55

Пар од Скопје доживеа драма: Ги киднапирале и малтретирале

Во Полицијата Карпош, 52-годишната В.Р. од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држени од лицата А.С. Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.