Папата: Постои разлика меѓу исламот и тероризмот
Папата Франциско изјави дека не ги изедначува исламот и тероризмот, нагласувајќи дека и христијаните можат да бидат исто толку смртоносни и предупреди дека Европа својата младина ја турка кон тероризам.
- Сметам дека не е правилно да се изедначува исламот со насилството. Во речиси секоја религија има некоја мала група фундаменталисти. И кај нас има, истакна папата, појаснувајќи ја својата одлука да не го спомене исламот кога го осуди бруталното џихадистичко убуство на католички свештеник во Франција, за кое ордговорноста ја презеде Исламска држава.
- Доколку треба да зборувам за исламистичко насилство, треба да зборува и за христијаско насилство. Секој ден во весниците во Италија гледам насилство, овој ја убил својата девојка, оној тештата, а сите тие се крстени како католици, изјави папата за време на посетата на Полска.
Според него религијата не е вистинскиот покренувач на силата, која стои зад тероризмот.
Ново на Сител
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово