Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот

Папата Лав Четиринаесетти изјави денеска дека е подготвен да посредува меѓу лидерите на земјите кои се во војна, наведувајќи дека тој лично „ќе направи сè за да владее мирот“.
Новиот поглавар на Католичката црква, кој минатата недела ја презеде должноста водач на 1,4 милијарди католици низ целиот свет, им се обрати на верниците собрани во салата Павле Шести во Ватикан на настанот посветен на јубилејната 2025 година и 23 источни католички цркви.
„Од Светата земја до Украина, од Либан до Сирија, од Блискиот Исток до Тиграј и Кавказ, колку насилство гледаме. Давам збор дека ќе направам сè за да владее мирот“, рече папата и ја повика толпата да се моли за мир.
Тој изјави дека Светата столица е секогаш подготвена да помогне во зближувањето на страните во конфликтот за „да можат да се соочат едни со други, да разговараат и за да можат народите повторно да ја пронајдат надежта и достоинството што го заслужуваат – достоинството на мирот“.
„Народите во нашиот свет сакаат мир. Од дното на моето срце апелирам до лидерите: ајде да се сретнеме, да разговараме, да преговараме!“, додаде папата Лав Четиринаесетти.
Ова е првото големо дипломатско излегување на новиот американски папа откако е избран, а доаѓа во време кога се случуваат брутални вооружени конфликти во голем број региони – од Украина до Блискиот Исток и Африка. Светата столица традиционално се обидува да игра улога на миротворец, а папата Лав 14-ти јасно стави до знаење дека сака дополнително да ја нагласи таа улога за време на неговиот понтификат.
Ново на Сител
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
