Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: Средби, посета на свети места и чествување на Никеја

По вчерашното пристигнување во турската престолнина Анкара, во рамките на своето прво задгранично и прво апостолско патување по изборот за поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ја продолжува посетата со патување во Истанбул и Изник.
Според програмата, во Истанбул папата ќе се сретне со христијанското свештенство во катедралата „Св. Дух“, а потоа ќе го посети Францисканскиот дом за социјално загрозени лица.
Подоцна во текот на денот, папата Лав XIV ќе отпатува во Изник (некогашната Никеја), каде заедно со вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе учествуваат во одбележувањето на 1700-годишнината од Никејскиот собор – настан клучен за развојот на христијанството.
Во меѓувреме, турските медиуми јавија, повикувајќи се на локални извори, дека Мехмет Али Агџа – извршителот на атентатот врз папата Јован Павле Втори во 1981 година – бил замолен да го напушти градот пред пристигнувањето на папата Лав XIV. Агџа изразил надеж дека ќе се сретне со понтификот „две-три минути“, но бил испратен надвор од Изник.
Агџа во мај 1981 година пукаше врз папата Јован Павле Втори на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан и тешко го рани. Беше осуден на доживотна казна затвор во Италија, од каде подоцна беше пренесен во Турција за да ја доиздржи казната. По 29 години зад решетки, беше ослободен во јануари 2010 година.
Во 1983 година, во затвор, Агџа беше посетен од папата Јован Павле Втори, кој му прости. Турчинот се покаја, но никогаш не даде јасно објаснување за мотивите.
Вчера тој изјави за турски медиуми дека сакал да го пречека папата Лав XIV во Изник со „Добредојде“.
Ново на Сител
-

Полициска акција во тетовско, приведени четири украинки со илегален престој, можни жртви на трговија со луѓе
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
