Папата го осуди „океанот од страдања“ во Сирија и Ирак
Папата Франциско го осуди денеска „океанот од страдања“ во Сирија и Ирак, каде граѓанската војна и нападите на исламистите од Исламска држава принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови.
Говорејќи на средбата на католичките добротворни организации и епископи од Блискиот Исток, папата ги опиша конфликтите во двете земји како „една од најстрашните човечки трагедии изминатите децении“.
Тој повика за пронаоѓање мирно решение, нагласувајќи дека за разлика од минатото, насилството во денешно време се прикажува во живо на медиумите.
- Никој не може да се прави дека не знае! Се е јасно, дека таа војна се повеќе им тежи на плеќите на сиромашните, рече папата Франциско.
Тој изрази загриженост и поради судбината на христијаните во Сирија и Ирак, изјавувајќи дека тие се потиснувани поради својата вера, прогонувани од нивните земји, затворани и убивани.
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија