Папата го осуди насилството без преседан што го прават исламистите

Папата Францис го осуди „насилството без преседан“ што го прават исламистите, додавајќи дека верниците кои вршат акти на тероризам го уништуваат божјото име.
Папата на службата на Велики Петок ги осуди „изразите на фундаментализам и терористичките акти кои ги прават следбениците на некои религии кои го уништуваат божјото име и го користат за да го оправдаат своето насилство без преседан“.
Папата се осврна и на спалувањето и отсекувањето на глави на христијани на Блискиот Исток, како и на оние кои се присилени да ги напуштат своите домови.
Тој, исто така, ги осуди политичарите кои поттикнуваат конфлити и трговците со оружје кои ја разгоруваат војната.
Папата Францис додаде дека реакцијата на Европа на мигрантската криза е „отапена со нашата рамнодушност“.

Неколку десетици илјади верници се собраа претходно во римскиот Колосеум каде папата Францис го помина Патот на крстот на Велики Петок пред Велигден.
Дрвениот крст оваа година го носеа двајца Сиријци, една Русинка, една Кинезинка, и државјанин на Централноафриканската Република.
Долж Патот на крстот прочитани се 14 молитви како што налага библиската традиција.
Ново на Сител
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
