Папата Франциско бара одлучни мерки за егзодусот на Рохинџите
Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да преземе решителни чекори за решавање на политичката криза, поради која муслиманските бегалци побегнаа од Мјанмар во Бангладеш.
Тој побара одлучни мерки за егзодусот на Рохинџите. Но, папата ниту денеска, како ни во текот на посетата на Мјанмар, не го употреби зборот Рохинџи. Тој во говорот, кој го слушаше и претседателот на Бангладеш, Рохинџите ги нарече „беглаци од државата Ракајн“.
Рохинџите, кои бегаат во Бангладеш од Мјанмар, а поради кои папата Франциско го посети тој регион оваа недела, не ни знаат кој е папата.
Од речиси 900.000 припадници на оваа нација кои се наоѓаат во кампови за бегалци во Бангладеш, само неколкумина слушнале за поглаварот на Римокатоличката црква.
Кога претставници на француски медиуми им покажаа фотографии од 80-годишниот папа Франциско, некои Рохинџи мислеле дека се работи за богат крал, други пак за американска ѕвезда, додека некои претпоставуваа дека тоа е политичар од Бангладеш, а некои дека се работи за некој муслимански функционер.
Папата Франциско им порача на беглаците од Мјанмар да не се одмаздуваат поради нивната тешка судбина. Тој денеска ги повика државите да обезбедат итна материјална помош за Бангладеш за да може да се справи со оваа криза.
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО