Папа Франциско: Денешна Европа нема лидер кој гледа кон иднината

Во Европа денес нема лидери кои гледаат кон иднината, изјави папата Франциско во интервју за белгиско католичко списание, при што изнесе пофални зборови за повоената генерација политичари, кои ги поставија темелите на ЕУ.
Папата смета дека францускиот политичар Роберт Шуман, италијанскиот Алчиде Де Гаспери и германскиот Конрад Аденауер вистински работеле на европското единство, гледајќи во него начин кој ќе овозможи „повеќе никогаш да нема војна“.
- Но, по нив денес веќе нема лидери, а Европа има потреба од лидери кои гледаат во иднината, оцени поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциско повтори дека е загрижен, бидејќи смета оти „делумна трета светска војна веќе се случува“ со судирите во Украина, на Блискиот Исток, во Африка и Јемен.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
