Пановски: Мислам дека сега треба да одиме до крај во попуштање на мерките

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека се надева оти стабизилизацијата на епидемиолошката состојба не е затишје пред бура.
-Со делта сојот ќе видиме што ќе се случува, во светот гледаме, на Балканот ќе видиме. Овие бројки никој не ги очекуваше. Како што не очекував таков страшен бран во пролет, не очекував и ваков брз пад на случаите. И покрај мерките кои се попуштени, еве гледам во Охрид, ретко кој става маски, се собираат младите. Она што го гледаме мене ми е рамно на нула. Помалку од еден процент е со денови и мимо кој тест, дури и најдобриот што постои, ако го направите за било која болест, еве за СИДА, или за Ебола, вие на 4-5.000 испитани секако ќе најдете 5 позитивни што не значи дека се болни, така што прашање е и позитивните дали се воопшто болни, тоа епидемиолизите повеќе знаат. Фактички ние може да сметаме дека кога бројот на позитивни е под 1%, се работи за можеби лажно позитивни или вирусот фактички моментално го нема во државата, изјави Пановски во Утрински брифинг.
Рече дека постапките на здравствените власти се во ред.
- Мислам дека сега треба да одиме до крај во попуштање на мерките. Гледаме дека немаме ширење на болеста. Се уште би ги задржал мерките рестораните да работат на отворено и маските да се носат во затворен простор. Маската е важна заради делта сојот, кој ако влезе кај нас брзо би се проширил доколку има луѓе кои се осетливи на него, имајќи предвид дека за жал, со скапо платена цена, населението е имунизирано по природен пат, вели Пановски и додава дека можно е да има нов бран, но тој нема да биде ни приближно онаков како минатите.
Ново на Сител
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
