Македонија
19. April 2017 - 16:04

Панов: Кавадарци континуирано вложува во спортот

Општина Кавадарци континуирано вложува во спортот и од 2013 до 2017 година се обезбедени над 15 милиони денари кои се директно вложени во спорот, рече на денешната прес-конференција кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

- Во спортските здруженија и клубови се исплатени над 11 милиони денари, а останатите се употребени за проекти, турнири и спортски манифестации, изјави градоначалникот.

Панов направи увид  во градежните работи на северната трибина на градскиот фудбалски стадион во градскиот парк.

- Годинава со еден милион денари е реконструиран оградниот ѕид кој беш целосно урнат, санирана е трибината, а во фаза на изведба е поставувањето на дрвени седишта. Сето тоа ќе обезбеди одлични услови за следење на фудбалски и други натпревари на стадионот, нагласи Панов.

Потсети дека е извршено административно преземање на стадионот кој беше под концесија, пристапено е кон негова целосна реконструкција, а ќе се работи и на санирање на самиот терен, по што ќе се пристапи кон санација на јужната трибина.

Засега овој стадион, додаде, ги има стандардите за натпревари од ранг на втората лига.

- Што се однесува за другите  зафати поврзани со спортот и младите, ова локална власт, Советот на општината и јас како градоначалник, во изминатите три години изградивме три тениски игралишта, едно повеќенаменско игралиште, асфалтиравме терен за повеќенаменски спортови во Глишиќ. Исто така ревитализирано е осветлувањето на теренот на СС „Јасмин“,поставени се 30 ефикасни лед рефлектори. Организирани беа квалификации за Евро баскет 2017. Поставени се фитнес справи за вежбање во кругот на Спортски центар  „Јасмин“, а реконструиран и уреден е градскиот олимписки базен, информираше градоначалникот.

Посочи дека обновени се фудбалскиот турнир „Вуко Каров“ и кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви". Потсети дека во Кавадарци се одржуваат и манифестациите „Спорски викенд", „Допри го Алшар“, „Трка на мирот“, „Опен фан фудбал“ и други спортски активности кои се организираат.