Свет
17. July 2016 - 10:36

Паника во САД: Пукање од автомобил во движење, покосени 14 лица

Во Калифорнија се повредени 14 лица откако е отворен оган врз луѓе кои биле собрани на прослава пред куќа во местото Бејкерсфилд, соопштија американските власти.

Две лица се потешко ранети, но не се животно загрозени, јавија американсктие медиуми.

На забавата во Бејкерсфилд имало около 150 луѓе, наведе локалната полиција. Врз нив е отворен рафален оган од автомобил во движење.

Засега нема уапсени и не се знае мотивот на нападот.