Ерупцијата, како што пренесува агенцијата, траела околу 3 минути создавајќи бели облаци чад и пепел повеќе од 700 метри во вис, соопшти тамошната агенција за вулкани и геологија.
Поради ерупцијата на вулканот висок 3.031 метар жителите не се евакуирани, но останува на сила предупредувањето за опасност. Туристите се предупредени да ја избегнуваат опасната зона во радиус од 4 километри од кратерот.
Бела прашина од ерупцијата прекри неколку села во близина на планинските падини во округот Карангасем. Меѓународните аеродроми соопштија дека летовите се одвиваат нормално, а властите во Денпасар, главниот град на Бали, велат дека во престолнината нема пепел.
Кон крајот на септември во областа околу вулканот се евакуирани повеќе од 140.000 луѓе откако е објавени предупредуање за најголема опаснсот. Нивото на опасност е намалено две недели подоцна, што овозможи враќање на жителите.
Вулканот Агунг се наоѓа на околу 70 киломери североисточно од туристичкото средиште, градот Кута, а е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија, позната пак по вулканските ерупции и земјотреси.
Минатата недела проработи вулканот Анак Кракатау и се урна во море, што предизвика цунами кое однесе 431 живот на островите Јава и Суматра.