Пангалос ќе ја тужи Грција за намалување на неговата пензија

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос планира да се обрати до грчки и меѓународен суд поради намалување на неговата пензија за време на власта предводена од Алексис Ципрас.
Во интервју за радио „Вима“, Пангалос изјави дека од доаѓањето на власт на Сириза, па се досега, неговата пензија е намалена на една четвртина од првичната вредност, објави „Прото тема“.
Кога Ципрас дошол на власт, Пангалос земал пензија од 1.600 евра, а овој месец таа е намалена на 382 евра.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Пангалос, кој по професија е правник, истакна дека планира да се обрати до свои колеги, кои ќе го проверат случајот и ќе го предадат на грчки суд и Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Пангалос е висок функционер во ПАСОК, долгогодишен пратеник во грчкиот Парламент, а бил и на чело на различни министерства.
Намалувањето на приходите на пензионерите во Грција се реализира во согласност со условите договорени меѓу грчката Влада и меѓународните кредитори за третиот спасувачки пакет финансиска помош.
Ново на Сител
-

Малолетник од скопско нападнат од четири лица на Бит Пазар
-

Прегазен пешак во Кичево
-

Во Битола ќе биде откриен мурал по повод 30 години од македонско-австралиските дипломатски односи
-

Во Грузија уапсен лидерот на опозицијата поради обид за палење на владин објект
-

Кумановци до крај на годината ќе ја користат мерката бесплатен превоз
-

Кај тројца грчки државјани пронајдени и одземени околу 200 патрони непријавена ловна муниција | ФОТО
-

Орбан вели дека Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО
-

Повеќе од 600.000 луѓе се без електрична енергија по руските напади во Украина
