Панел дискусија по повод Светскиот ден за борба против рак

Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ денеска организира панел дискусија во рамки на одбележувањето на 4 февруари, Светски ден за борба против рак.
На панел дискусијата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на „Борка“, Биба Додева, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на клиниките за хематологија, радиотерапија и онкологија и за детски болести, Ирина Пановска-Ставридис, Нино Васев и Катерина Ставриќ. Ќе присуствуваат и здравствените работници, претставници од релевантните институции, од други невладини организации и пациенти заболени од рак.
Од Здружението посочија дека на панел дискусијата ќе стане збор за ракот со посебен акцент на превенцијата, раната детекција, третманот и терапијата, состојбата во Македонија, и за следните чекори – имплементирање на Национален регистар за рак и на Националната стратегија за контрола на ракот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
