Панел дебата на ВМРО-ДПМНЕ: Отворени се 160.000 нови работни места
ВМРО-ДПМНЕ денеска со панел дебата во Македонската опера и балет, го почна тридневниот отчет за постигнувањата на партијата, проектите, но и за нејзините генерални политики.
Воведничарот на дискусијата Александар Ѓорѓиев на отворањето рече дека почнуваат со економијата, која, како што наведе, е стратешка определба на партијата уште од првиот ден на мандатот.
- Во 2006-та година за потсетување стапката на невработеност беше околу 38 проценти, денеска таа е намалена на 24 проценти и тоа е голем успех, особено доколку се земе предвид периодот во кој што доаѓа до намалување на оваа бројка - имаме светска економска криза, европска должничка криза, турбуленции на политичката сцена на домашен план во Република Македонија. Се разбира тоа не е резултатот од кои што сме задоволни, се разбира дека ќе продолжиме со уште поголема посветеност и уште поголема мотив, поголем интензитет, за да успееме да ја симнеме стапката на невработеност на што пониско ниво, рече Ѓорѓиев.
Посочи дека фактите говорат оти во овој период се отворени 160 илјади нови работни места.
- 160 илјади луѓе, граѓани на Република Македонија кои што порано не работеле денес работат, 160 луѓе кои што порано седеле дома денеска одат на своите работни места и остваруваат приходи. Тоа се дополнителни приходи за десетици илјади семејства во Република Македонија, рече Ѓорѓиев, кој ја води дискусијата.
Тридневните активности на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат фокусирани и на земјоделството, културата, спортот, за поддршката на ранливите категории граѓани, за здравството, за здравата животна средина. Ќе се дискутира и за државата низ призма на законодавната и извршната власт, а поссебен фокус ќе има и на положбата на жената во политиката и на проектите кои се посветени на жените во Република Македонија.
Предвидено е активностите да завршат со собир во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден