Пандов: Знаеме кој и сака добро на Македонија, а кој сака гајтан да и стави на врат
Многу не има. 70-80 илјади Македонци дојдени да им кажеме и покажеме дека знаеме што е политика, знаеме кој и сака добро на Македонија, а кој сака гајтан да и стави на врат. Македонија е демократска земја. Македонија треба и може и мора да има избори и тие ќе ги имаме на 5 јуни, истакна аналитичарот Александар Пандов на вечерашниот масовен собир пред Собранието во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
-Ги гледам спомениците околку мене и си мислам, луѓето- нашите браќа Македонци морале во минатото да зимаат оружје во раката за слобода. Сега ние таа слобода ја имаме благодарение на нив. Единственот нешто што треба да го направиме е да го земеме пенкалото во рака и на 5 јуни да го дадеме гласот за политичката опција во која веруваме. Политичката криза во Македонија само со избори може да ја решиме.
Тие кои во овој момет, додаде Пандов, протестираат и урнисуваат, се тепаат со нашите полицајци, треба да знаа дека Македонецот има трпение, но знае и памти кој што прави во Македонија. Единствено нешто што треба да направат е да прифатат избори на 5 јуни ако и сакаат добро на Македонија.
-Како ГДОМ, ќе испратиме барање до Уставен суд да донесе одлука за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии кои во моментов ја рушат и ја урнисуваат Македонија.
Еден човек може да скршат, кога сме вака заедно, илјадници сме нескршливи, рече Пандов.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград
-
Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината
-
Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа
-
Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна
-
Јаневска ќе реферира за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година
-
Претежно сончево со засилен ветер од северен правец