Македонија
20. July 2024 - 16:27

Пандов по телефон ги повикува затворениците да се вратат во Шутка

Управата за извршување на санкции при контрола на истражниот затвор Скопје во Шутка открила дека недостасуваат затвореници.

Вкупно 10мина синоќа не биле во своите ќелии, па телефонски биле повикани да се вратат. Скоро сите во текот на ноќта се вратиле во казнената установа, но еден останал недостапен.

За него е информирана полицијата.