-->
-->
Пандев со видео порака до Ериксен: Те чекаме уште посилен на теренот, сите сме со тебе
-->
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во име на целиот тим, му посака успешно закрепнување на данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен.
Фудбалската федерација на Данска објави видео со пораки кои стигнуваа од сите страни, една од нив беше од Горан Пандев.
– Здраво Кристијан. Поздрав од мене и моите колеги, сите ти посакуваме што побрзо закрепнување. Те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе. Форца Кристијан! – порача Пандев.
За потсетување, данскиот фудбалер колабираше во дуелот меѓу Данска и Финска, по што медицинскиот тим навреме интревенираше да му го спаси животот и беше избегната трагедија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите