Пандев со критика по дебаклот од Англија
Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика синоќешниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Англија (0-7), а со остри критики на адреса на раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и националниот тим се огласи и поранешниот капитен на „црвено – жолтите“, Горан Пандев.
Коментирајќи на фотографија на Инстаграм стори на која се претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор Данчо Масев и селекторот Благоја Милевски, 39-годишниот Пандев напиша: „Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Нека ни е на чест на сите“.
Селекторот Милевски на прес – конференцијата по највисокиот пораз во историјата на македонската репрезентација ѝ се извини на нацијата, но најави дека нема намера да поднесе оставка.
- За жал, се случуваат и вакви работи во фудбалот. Ова се истите фудбалери кои играа со Италија и со Португалија. И јас сум истиот тренер, но во фудбалот има и вакви денови. Потфрливме во секој поглед. Тргнувајќи од мене, па потоа во сите линии на теренот. Јас сум одговорен на прво место, јас ги бирам играчите и одредувам кој ќе игра. Игравме против најразиграниот тим во Европа, но потфрливме во сите наши замисли. Ова не значи дека треба да се откажеме. Јас сум борец и не планирам да се откажам, треба да сме силни и сплотени и во вакви тешки моменти, рече Милевски.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат