-->
-->
Пандев останува „Џеновезе“
-->

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (33), ги одбил понудите од Кина и реши уште една сезона да го носи дресот на Џенова.
Како што објави порталот „http://www.ilsecoloxix.it“, Пандев прифатил двојно помала плата за да остане уште една година во екипата во која пристигна во 2015 година.
„Горан беше од непроценливо значење за клубот на последните натпревари кога клубот освојуваше важни бодови во борбата за опстанок. Можеби повеќе не е брз како пред пет или шест години, но дефинитивно со техниката и знаењето ќе му биде од корист на тренерот Јуриќ“, пишува порталот во својот коментар.
Пандев во кариерата има настапувано во Беласица, Интер, Лацио, Наполи и Галатасарај. За македонската репрезентација има одиграно 85 натпревари и постигнато 29 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
