-->
-->
Пандев ќе паузира три средби во А-Серија
-->

Максимална казна од три средби одреди Дисциплинската комисија во италијанското калчо за нашиот интернационалец Горан Пандев за црвениот картон кој го доби на мечот со Лацио.
Дисциплинската комисија на италијанската Серија А ова попладне ги соопшти казните и суспензиите кои дојдоа како последица на одиграните две кола во последните пет дена, меѓу кои највисока е онаа која ја заработи нашиот интернационалец Горан Пандев за директниот црвен картон кој го доби на мечот против Лацио.
Пандев во борба за позиција со лакт го удри противничкиот фудбалер Маурисио и заработи максимална суспензија од три натпревари поради фактот што комисијата го протолкувала неговиот потег како намерен.
Ова значи дека нашиот интернационалец ќе ги пропушти натпреварите со Милан, Удинезе и Кјево, а повторно во составот на тренерот Џан Пјеро Гасперини би требало да го видиме на мечот против Емполи кој е од рамките на деветото коло во Серија А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
