Фудбал
13. March 2016 - 17:51

Пандев дел од тимот на Џенова кој победи пред својата публика

 
Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за екипата на Џенова која со 3:2 славеше победа против Торино.
 
Ова беше еден од петте натпревари кои се одиграа попладнево, а се во рамките на 29.коло на италијанската Серија А. 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Киево – Милан 0:0, Карпи – Фрозиноне 2:1, Фиорентина – Верона 1:1 и Удинезе – Рома 1:2. 
 
На средбите кои беа одиграни вчера и во петокот, постигнати беа овие резултати: Емполи – Сампдорија 1:1, Интер – Болоња 2:1и Јувентус – Сасуоло 1:0. 
 
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелите, Палермо – Наполи и Лацио – Аталанта кои ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути. 
 
Табела: Јувентус 67 бод, Наполи 61, Рома 59, Фиорентина 54, Интер 54, Милан 48, Сасуоло 44, Лацио 38..