Македонија
2. May 2021 - 19:39

Пандемијата ја промени традицијата за велигденските прослави

И во недела на празник граѓаните растрчани да докупат се што им е потребно за велигденската трпеза. Покрај велигденските јајца, главното мезе ќе биде и јагнешкото.  Но поради коронавирусот празникот ќе го одбележат без традиционалните ручеци и собири со блиските.

Сепак дел од граѓаните се револтирани поради тоа што пред секој празник цените растат.

Пазарџиите пак велат купувачи има но многу помалку од претходните годни. Причината не ја гледаат во цените туку поради стравот од вирусот.

Ако до лани граѓаните непосредно пред празниците се жалеа на зголемување на цените, оваа година поскапувањето се случи многу порано бидејќи веќе втора година се соочуваме со светска пандемија.