Палмер: Нормализација на односите Белград-Приштина значи и меѓусебно признавање

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер нагласи дека САД сакаат да видат целосна нормализација на односите Белград-Приштина, за која како што рече, би значело и взаемно признавање.
– Ако се признаат едни со други, би можеле да ги решат прашањата како соседи, рече Палмер во интервју за Н1 Сараево.
Според него, неопходно е Белград и Приштина „да седнат на маса, да постигнат договор и заедно да извлечат патека за европска иднина“.
Палмер рече дека причината за преговорите е и тоа што и Србија и Косово се стремат кон Европа и дека е непотребно да се види какви компромиси се потребни за да се постигне напредок.
– Потребен е договор што ќе биде прифатен и поддржан од јавноста од обете страни како најдобар пат за напред, рече Палмер, додавајќи дека е важно договорот да биде „применлив, фер и траен“.
Тој додаде дека има многу добри односи со претставникот на Белата куќа Ричард Гренел и дека ова не е првпат САД да назначат двајца специјални пратеници за истиот проблем.
Претставникот на американскиот државен секретар за Западен Балкан рече дека Западен Балкан останува приоритет на надворешната политика на САД и дека Вашингтон сака земјите од регионот да ги гледаат САД и ЕУ како „партнери што сами ги избрале“.
Палмер рече дека САД сакаат Западен Балкан да стане дел од „семејство на европски земји“ и дека во тоа инвестираат значителен политички и друг капитал.
Американскиот дипломат одби да го коментира неодамнешниот извештај на Пентагон за зголемувањето на влијанието на Русија во Србија, велејќи дека САД се сметаат себеси за партнер на сите земји во регионот, вклучително и Србија.
– Мислам дека ние сме подобри партнери за сите во Западен Балкан од Русија и ќе сториме се за да им стане јасно на лидерите и граѓаните на регионот, рече Палмер и додаде дека САД сметаат дека потпирањето на Србија на руската војска „не е добро за напредок“.
Според него, целите на САД се во согласност со оние на балканските земји: членството во ЕУ, како и во НАТО, освен во случајот со Србија, а Вашингтон ќе ги поддржи Западен Балкан во тие аспирации.
Метју Палмер вели дека евентуалниот нов договор за Босна и Херцеговина, т.н. „Дејтон два”, не е во фокусот на американската политика, бидејќи „не би го обвинил Дејтонскиот договор за нефункционалност на владата во БиХ”.
Ново на Сител
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
