-->
-->
Палмер: Договорот предвидува меѓусебно признавање на Косово и Србија и не исклучува промена на границите
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/march/grehsrthr-212345.jpg?itok=pj7NI8be)
– Ние ја поддржуваме нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Двете страни мора сами да постигнат договор и тој мора да биде траен и сеопфатен. Во суштината на ова, за нас тоа значи взаемно признавање. Сосема е можно ова да вклучува прилагодување на границата меѓу Србија и Косово. САД не го заговара ова, но и не го исклучува, истакна Палмер за хрватската агенција Хина.
Според Хина, Палмер нагласи дека од Белград се очекува признавање и прифаќање на Косово како суверена и независна држава, додека Косово би морало да ја признае Србија како свој сосед.
– Постои простор страните да склучат договор што ќе биде прифатлив за јавноста и во едната и во другата земја. Ние би сакале да видиме страните да постигнат договор, сакаме да ни го донесат и добро да го погледнеме. Ако имаме дилема, ние тоа јасно ќе го ставиме до знаење и на тоа ќе работиме со двете страни за договорот да го обликуваме во нешто што и САД може да го прифатат и потврдат, рече Палмер.
Тој рече дека спорот меѓу Приштина и Белград е извор на нестабилност во регионот, додека нормализацијата на односите ќе ја доближи Србија и Косово до европската интеграција.
Палмер потсети дека двете страни мора прво да се вратат на преговарачка маса, бидејќи преговорите се блокирани поради високите такси на Косово воведени на производи од Србија и БиХ.
– Америка сака Косово да ги укине овие царини за дијалогот да се рестартира. Дури и привремено укинување на таксите би овозможило покренување на дијалогот. Ние го повикаме Косово да ги суспендира овие царини и да се овозможи дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече Палмер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
-
Вработен во транзитниот центар Табановце бил нападнат од мигрант
-
Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница
-
Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
-
Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
-
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова
-
Четири лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Куманово