Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12,000 и ранила 19,000 палестински ученици и студенти.
Во истиот период, според Министерството, во Појасот Газа биле убиени 697 студенти, ранети биле 1,523 студенти, додека на Западниот Брег биле убиени 35 студенти, 130 биле ранети, а 229 биле уапсени.
Министерството додаде дека Израел спречил 88,000 студенти да продолжат со студирањето и 700,000 ученици да одат на училиште во Појасот Газа.
Во однос на наставниот кадар, податоците на Министерството покажуваат дека 444 од нив се убиени во Појасот Газа, додека бројот на ранети вработени во училиштата во Појасот Газа е 2,491.
Меѓу персоналот на универзитетите, 117 загинале, а 1,221 биле ранети. На Западниот брег, според Министерството, загинале тројца членови на наставниот кадар, 17 се ранети, а 144 се уапсени, додека деветмина од универзитетскиот персонал биле уапсени.
Во однос на израелски напади врз образовни објекти, 77 училишта во Појасот Газа биле целосно уништени, а 171 училиште претрпеле големи штети.
Исто така, 126 државни училишта и 65 училишта кои припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) биле цел на бомбашки и вандалски напади.
Според Министерството, 91 училиште и седум универзитети на Западниот Брег биле изложени на упади и вандализам.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот