Свет
1. September 2016 - 19:05

Пакистан го призна присуството на ИД на своја територија

Пакистан денеска првпат го призна присуството на групата Исламска држава на своја територија, но истовремено истакна дека властите уапсиле стотици џихадисти и спречиле големи напади.

- Пакистанската армија осуети неколку напади на ИД кои требало да бидат извршени пред амбасади и на аеродромот во Исламабад, истакна воениот портпарол, генерал Асим Баџва.

Досега пакистанските власти демантираа дека има борци на ИД на територијата на Пакистан.

Според портпаролот, биле уапсени 309 членови на џихадистичката група, меѓу кои и „мозокот“ на организацијата Хафиз Умар и главниот командант Али Рехман.