Пакети со топла облека поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин поток
Пакети со топла зимска облека денеска беа традиционално поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин поток на 80 лица кои редовно 100 лица кои повремено го посетуваат.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека Градот Скопје ја продолжува традиционалната поддршка на пунктот за нашите бездомни сограѓани.
- Во буџетот за следната година предвидуваме и повеќе средства со цел како Град на солидарноста да го вратиме хуманиот дел од живеењето на градот. Овие наши луѓе се во моментална тешка состојба и човечки е да помогнеме пред се како луѓе, но и како институции, рече Шилегов.
Посочи дека како градоначалник за него е попримарно да обезбеди и креира политики коишто ќе овозможат овие луѓе веќе да не бидат ваква целна група и да можат да бидат самоодржливи.
- Независно од тоа се додека има потреба Градот Скопје секогаш ќе излегува во пресрет особено за хуманитарни активности затоа што човечноста е нешто што не краси сите, рече Шилегов.
Секретарот на Црвениот крст на Скопје Сузана Тунева Пауновска посочи дека Црвениот крст на Град Скопје во текот на денот и во текот на новогодишните празници ќе ја следи состојбата со бездомните лица и ќе врши дополнителна дистрибуција на вреќи за спиење и се она што им е потребно.
- Пунктот за бездомни лица работи 24 часа и ќе работи за време на новогодишната ноќ каде ќе се потрудиме да направиме една топла атмосфера, а ќе работи и за време на божиќните празници каде ќе се потрудиме како едно семејство да го прославиме и тој празник, рече Пауновска.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација