Пакет поволности од владата за отворање бизниси за лицата со инвалидност
Владата нуди широк пакет на поволности за лицата со инвалидност кои имаат намера да отворат сопствен бизнис.
Во тек е оглас со вкупен фонд од 50 милиони денари преку кој евидентираните невработени инвалидни лица кои активно бараат работа можат преку разни варијани и висини на средства да аплицираат за грант за отварање бизнис, како и вработување на други луѓе.
Ако на огласот аплицира едно лице, може да добие неповратни средства во висина од 270 илјади денари. Ако предивиди вработување на уште едно или две лица, државата за нив ќе издвои уште по 92 илјади денари.Така грантот може да достигне 454 илјади денари. Ако дополнителните вработени се со инвалидност тогаш се добива дополнителна помош од по 100 илјади денари за адаптација на работното место со што огласот може да достигне 754 илјади денари.
Лицата од оваа категорија може даги искористат и поволностите од Македонија вработува 2 или пак, согласно законите, трајно да бидат ослободени од плаќање на социјалните придонеси.
По формирањето и работата од 9 месеци на компанијата, апликантите, зависно од степенот на инвалидитет може да добијат и еднократна државна помош во висина од 20 или 40 просечни месечни плати.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
