Пахор во убедливо водство на претседателските избори во Словенија
Претседателот на Словенија Борут Пахор убедливо води пред своите противкандидати на денешните претседателски избори со освоени 47,4 проценти од гласовите, соопшти вечерва словенечката Централна изборна комисија, по преброени 58 проценти од гласовите.
Далеку зад Пахор се независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец со освоени 24,8 отсто, Романа Томц од конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) со 13,6 и Људмила Новак од партијата Нова Словенија - Христијански демократи (НСИ) со 7,1 проценти.
Останатите пет кандидати за словенечки претседател освоиле под два отсто од гласовите.
Претходно, словенечките медиуми јавија дека, според излезните анкети од денешното гласање, Пахор обезбедил втор петгодишен мандат, освојувајќи 56,2 проценти од гласовите.
Според аналитичарот Борут Хочевар, ваквите изборни резултати претставуваат предупредување за словенечкиот премиер Миро Церар во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат во јуни или јули следната година, имајќи предвид дека кандидатот на неговата Партија на модерниот центар (СМЦ), Маја Маковец Бренчиќ освои 1,8 отсто од гласовите.
Словенечкиот претседател во голема мерка има церемонијална улога во домашната политика, но сепак, според Уставот, тој е врховен командант на Вооружените сили и предлага повеќе носители на високи јавни функции, меѓу кои и гувернерот на Централната банка на Словенија.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор